Топла, емотивна и трогателна приказна..
За љубовта што не згаснува, за музиката што останува, и за силата на една мајка која го носи своето дете во секој здив.
Со овие зборови колегите од „Слободен печат“ го најавуваат интервјуто со Анастасија Ѓорѓиеска, мајката на Андреј од „ДНК“.
Таа првпат зборува за кобниот ден, кога на 16 март годинава нејзиниот славен син херојски го загуби животот спасувајќи други деца во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Интервјуто е во рамките на поткастот „Со Ана на ТИ“ кое ќе се емитува вечерва на јутјуб каналот на „Слободен печат“ во 19:00.

