Го победи ракот, па стана мајка: Александра сега има само една желба

Александра Шијакоска има голем повод за славење.

Нејзниот син Риан наполни една година.

По тој повод, познатата македонска модна инфлуенсерка се огласи на социјалните мрежи со емотивна објава во која, како што нагласува, по извојуваната битка со ракот сега има само една желба.

„Од мала замислував како ќе бидам мајка. Знаев дека тоа ќе биде исполнување на сите мои желби и соништа. Пред четири години ми ја соопштија најлошата вест што може некој да ја добие и најмногу ми беше жал што имав само 29 години, а не станав мајка. Мислев дека си ја пропуштив шансата и дека ќе си заминам без да го почувствувам најубавото чувство на овој свет.

Но, Господ е добар и имал друг план, за мене и за тебе, сине. Го преживеавме и тоа, и многу други предизвици по патот, и еве не, денес сме тука. Мама се бореше со животот само за тебе, а животот ми те подари како награда за никогаш неизгубената верба, волја и сила. Сега имам само една желба, да бидам што подолго покрај тебе, да те сакам и да те научам што значи моќта на добрината. Среќен прв роденден, те сака мама“, напиша Шијакоска во објавата која ја нарече „писмо до мојот син“.

Следни Објави

Нема да се емитува шоуто „Ѕвездите на Гранд“

Нема да се емитува вечерашното шоу „Ѕвездите на Гранд“. Се огласија од продукцијата со важно соопштение. По повод одлуката на Владата на Република Србија први ноември да го прогласи за Ден на жалост поради трагичниот настан и уривањето на настрешницата во Нови Сад минатата година, Гранд продукција ја известува јавноста […]