Нема да се емитува шоуто „Ѕвездите на Гранд“

Нема да се емитува вечерашното шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Се огласија од продукцијата со важно соопштение.

По повод одлуката на Владата на Република Србија први ноември да го прогласи за Ден на жалост поради трагичниот настан и уривањето на настрешницата во Нови Сад минатата година, Гранд продукција ја известува јавноста дека емитувањето на емисијата „Ѕвезди на Гранд“, планирано за тој ден, се одложува.

Оттаму велат дека новата епизода од шоуто ќе биде емитувана во нов термин за кој публиката ќе биде навремено известена.

„Гранд продукција уште еднаш изразува најдлабоко сочувство до семејствата на настраданите и сочувствува со сите погодени од оваа трагедија во Нови Сад“, е наведено во објавата.

Следни Објави

Мики проговори по скандалот со Цеца: Еве што навистина се случило со бугарското знаме

Македонскиот пејач Мики Секуловски, чиишто ментор во „Ѕвездите на Гранд“ беше Цеца Ражнатовиќ, вчера настапи со неа на концертот на кој се случи инцидентот со бугарското знаме. Вечерва тој се огласи преку социјалните мрежи и ја објасни ситуацијата од своја перспектива. Мики вели дека во прв момент не забележал дека […]