Драган води животна битка: Детали за здравјето на легендарниот македонски водител

Драган Б. Костиќ минува низ најтешките животни моменти, ѝ откри на јавноста Петар Георгиевски-Камиказа, фронтменот на групата „Меморија“.

Во објава на социјалните мрежи тој пишува дека легендарнот македонски водител и диџеј „овие неколку месеци ја бие својата животна битка, да се биде или не“.

„Сполај му на бога, но и волјата за живот, овие денови се слушаме и се’ подобро звучи. Мислата му е бистра и на секое прашање одговара концизно и точно.. Кога раснеш покрај ваков великан, цел живот, радоста кога Бог му ја враќа животната енергија е неизмерна..

Имаме уште многу што да направиме и раскажеме заедно, затоа маестро ти посакувам што побрзо, целосно закрепнување и повторно беседење за се’ и сешто. Сполај ти боже што ни ги чуваш легендите“, пишува Георгиевски.

Следни Објави

Циле Тупурковски ужива во животот: Ќе се изненадите со кого е на маса

Васил Тупурковски ужива во пензионерските денови. Поранешниот висок македонски функционер одамна расчисти со политиката, а сега секое слободно време го користи за средба со пријателите. Музичарот Владимир Дојчиновски го начека во интересно друштво, а фотографијата ја објави на социјалните мрежи. Некогаш популарниот Циле е на иста маса со Григор Копров, […]