Јоце Панов млад го загуби татка си.
Тој сега си ја отвори душата во ТВ-магазинот „Животна приказна“ и првпат отворено проговори за судбината на неговите родители.
„Ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувало нешто поради што ги губела децата, не знаеле што. Јас сум осмото дете кое е зачнато, а прво што е родено. По мене ми родила и брат и сестра“, открива Панов.
Популарниот македонски пејач раскажува дека татко му починал ненадејно на 49-годишна возраст од мозочен удар. Кога се случила трагедијата тој имал десет години, а сестра му само девет месеци.
„Се сеќавам, ја чекав брзата помош, можеби саат време надвор. Татко ми не беше болен, беше професионален борач. Си седеше со комшијата најнормално на маса, му се фати едната страна. Знам точно каде стоев во темната улица, дур чекам сам, како се молев на Бога да стасаат побргу, тој е моментот што никогаш нема да го заборавам. Следното утро околу 4-5 почина. Мислам дека тука детството ми се прекина и сфатив дека треба да сум столб на фамилијата“, вели пејачот.

Предизвиците допрва следувале. Мајка му работела двократно, а за викенди одела да чисти станови и куќи за да ги изведе децата на прав пат. И таа повеќе не е на овој свет, почина во 2017-та година. Повеќе за оваа исповед читајте на Мастило.мк


