„Жена ми знаеше дека нема да ја оставам“: Драматична исповед на Гоце, актерот призна сè

„Кога ја запознав имав 3-4 женски, раскинав со сите и останав со нејзе“, раскажува Гоце Тодоровски за сопругата Тања со која е во брак цели пет децении.

Легендарниот македонски актер си ја отвори душата во поткастот „Лазаров“, а неговата исповед за бурното љубовно минато ги изненади фановите.

Имал и прекар во театар за таа работа, како што вели, слично на женкар, ама понесофистицирано.

„Долго време мислеа дека сум ерген, дека не сум женет, а јас многу млад се оженив, на 24 години. Жена ми не ми се налути, знаеше дека никогаш нема да ја оставам“, вели омилениот лик од „Македонски народни приказни“.

Тодоровски признава дека имало и непријатни моменти.

„Ѝ се јавуваа дома да ѝ кажат дека сум со нив. Сопругата, со опроштење, им викаше: ‘Може да ми се фатитe, тој никогаш нема да ме остави, ве лаже, џабе мислите дека ве сака’. Додуша јас сите ги сакав. Не бев вљубен, туку, едноставно ги сакав, инаку не би бил со нив“, признава актерот.

„Јас не изневерував. Јас едноставно бев со нив, се дружевме, не го сметав тоа за неверство. Изневерувањето е кога ќе се вљубиш и ќе ја заборавиш жената. Јас не ја заборавив нејзе, секогаш се враќав дома. А и жена ми знаеше дека нема да ја оставам, веројатно и на неа ѝ беше сеедно. Јас не можев да ја оставам неа ради дечињата, не можев да рескирам“, дополнува тој.

Следни Објави

Љубовната приказна на новиот градоначалник на Кичево и неговата сопруга Албанка

Новиот градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, има интересна љубовна приказна. Неговата сопруга по националност е Албанка. Линдита Лимани Јованоска, која е десет години помлада, е магистер, професор по англиски јазик. Таа му даде максимална поддршка на својот животен партнер, инаку доктор по општа медицина. Пред локалните избори побара од своите […]