Новиот градоначалник на Кичево, Александар Јовановски, има интересна љубовна приказна.
Неговата сопруга по националност е Албанка.
Линдита Лимани Јованоска, која е десет години помлада, е магистер, професор по англиски јазик.
Таа му даде максимална поддршка на својот животен партнер, инаку доктор по општа медицина. Пред локалните избори побара од своите сограѓани да ги надминат етничките бариери и да гласаат за нејзиниот сопруг.

Во интервју за Ора24.тв, меѓу другото, зборуваше и за тоа како бил прифатен нивниот брак.
„Од моите блиски и од блиските на мојот сопруг беше прифатено многу добро. Ние сме немале никаков проблем. Нормално, пошироко луѓето зборат за тоа како живееме ние, јас Албанка муслиманка, а тој католик Македонец, но ние имаме многу убав живот и заедно имаме три деца, Јана, Живко и Дафина. Среќна сум што сум со него“, кажа Јовановска.

