Ѓоко Јовиќ ја раскажа својата животна приказна во истоимениот телевизиски магазин што се емитува на националниот сервис.
Популарниот македонски пејач откри помалку познати детали од приватниот живот, а проговори и за најтешките моменти со кои се соочил.
„Мајка ми кога почина, ние ја погребавме, и веднаш вечерта јас мораше да пеам на фестивал“, вели Јовиќ во најавната шпица за емисијата.
Ѓоко потекнува од Валандово. Во минатото неговите родители се занимавале со земјоделие во кое преовладувал тутунот. И тој го работел тоа, но признава дека во тие детски денови секој ден плачел и сонувал за еден поубав свет.
Јовиќ денес е еден од најангажираните машки вокали кога станува збор за настапите во живо.

Со сопругата Ивана имаат четири деца и максимално е посветен на работата.

