Филип Талески е прв гостин кој седна на жешкото столче во новата емисија „Вистина или не“ со Миро Кацаров на јутјуб каналот на „Канал77“.
Познатиот македонски ракометар одговара на провокативни прашања, а некои негови одговори се големо изненадување за јавноста.
На прашањето дали би го поздравил Кирил Лазаров ако го сретне на улица, кратко вели „НЕ“.
„Душата би ја дал да играм за Македонија, ама некој друг дозволува тоа да не е така“, вели Талески.
Со кратко „НЕ“ одговара и на прашањето дали разговара приватно или службено со Филип Кузмановски.
„Тоа е заради некоја историја. Јас немам никаков проблем со никого и никогаш на никого не сакам лошо да му направам, но некои личности кога ќе направат лошо, само ги пречкртувам и се оттргнувам од нив. Тој на мене ми има направено лошо, а за да дознаете што е причината, треба да го прашате него“, вели Талески.

