Со една фотографија на социјалните мрежи Соња Тарчуловска ги разнежни нејзините следбеници.
Познатата фолк-пејачка покажа какво изненадување добила од помалата ќерка Јоана.
„Постев на роденденот, па ќерка ми сега ме изненади“, напиша Тарчуловска која неодамна наполни 47 години.

Соња е сопруга на македонскиот браниел и поранешен инспектор Јохан Тарчуловски со кого има син и уште една ќерка која јавноста веќе добро ја познава.
Нивното прво дете, Мелани, одлучи да тргне по нејзините стапки. По неколкуте фестивалски учества и освоени признанија на меѓународни манифестации, таа се натпреваруваше и во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“.


