Тијана Дапчевиќ сподели неочекувана животна приказна поврзана со нејзиниот брачен другар.
Во емисија на телевизија Пинк познатата македонска пејачка и актерка откри дека таа го запросила сопругот.
После само три месеци забавување го прашала кога ќе се земат. Имала само 24 години.
„Никаков проблем“, ѝ рекол.
Ја прашал дали сака во април, таа се согласила и оттогаш се заедно веќе две и пол децении.

