Елена Јовческа на Митровден го доби најубавиот дар: Бебето доби име со посебно значење

Денеска на Митровден се слави во семејството на популарната македонска пејачка.

Елена Јовческа доби ќерка и не ги крие воодушевувањето и среќата што конечно го дочекала најубавиот момент во животот – да стане мајка.

„Ова е најубавиот ден во мојот живот. Среќата е неизмерна, а зборови навистина нема што можат да ја опишат оваа емоција. Благодарна сум на целиот медицински тим кој беше со мене во секој момент“, изјави Елена за „Балкан Мјузик“.

Ќерката ќе се вика Талија. Пејачката сакала нејзиното дете да носи име со посебна енергија, нешто што ќе ја инспирира низ животот.

„Талија е мојата најголема песна,“ гордо порачува Јовческа.

Следни Објави

„Сики, излезе нешто црно како пастрмка..“: Силвана за породувањето

Силвана Мучиќ Плевнеш раскажа неверојатно смешна приказна присетувајќи се на бременоста. Пејачката од популарното дуо „Силви бенд“ се породила во Германија кадешто била на турнеја. „Среќа имам и роднини, брат ми е таму со снаа ми, имам и тетка. Пеев до последeн момент. Денот кога дојде породувањето беше многу забавен. […]