Што значи дожд на Митровден?

Денеска е Митровден, е еден од најпочитуваните празници кај нас. Ден кога се полнат славските трпези и кога многумина слават именден.

Овој датум носи и богато народно наследство, пренесувано со генерации.

Меѓу најпознатите обичаи се издвојува едно непишано правило – на Митровден не се караат децата. Според народното верување, доколку родител го прекори или извика детето на овој ден, тоа ќе биде непослушно и тврдоглаво цела година. Затоа, на Митровден „на децата сè им се гледа низ прсти“. Иако денес тоа звучи како празноверие, суштината е многу подлабока – овој ден нè потсетува на топлина, разбирање и нежност, барем за еден ден во годината без прекори.

Друг обичај е претскажувањето според времето. Ако денес врне и студи, нè очекува долга и ладна зима со многу снег.

Следни Објави

Градите се пасош на секоја жена: Цитати на Коко Шанел според кои треба да живеете

Пионерката во светот на модата, дизајнерката Габриел Бонер, позната како Коко Шанел, беше една од жените што ја револуционизираа модата. Ова се нејзините најмоќни цитати! 1. Чувајте се од оригиналноста – во женската мода оригиналноста може да доведе до маскенбал. 2. Создавањето сопствена мода за себе може да си го […]