Силвана Мучиќ Плевнеш раскажа неверојатно смешна приказна присетувајќи се на бременоста.
Пејачката од популарното дуо „Силви бенд“ се породила во Германија кадешто била на турнеја.
„Среќа имам и роднини, брат ми е таму со снаа ми, имам и тетка. Пеев до последeн момент. Денот кога дојде породувањето беше многу забавен. Тетка ми беше уверена дека имам лажни болки, но стануваше веќе неиздржливо, па мораше да ме носат во болница. Таман да ме стават на бокс, ја слушнав сестрата како кажа на германски: „Дојде бебето“. А најсмешно беше кога Влатко ми рече: Сики, излезе нешто црно како пастрмка и пак се врати. Јас помислив „леле, охриѓанецот ми направил пастрмка“, низ смеа раскажува Силви во поткастот „Мамавизија“.
Силви и Влатко неодамна станаа баба и дедо. Нивната ќерка Деаделина стана мајка и секоја прилика ја користат времето да го поминат со внуката Малика.

