Во септември годинава на Крстовден му се роди син.
Со сопругата Славица првпат станаа родители во 2023-та по шест години брак кога им се роди ќерката Кристина.
Во меѓувреме, му беше дијагностицирано ретко автоимуно заболување, но ја победи болеста и сега живее со полни гради.
Јордан Митев наскоро ќе ја промовира новата песна која, како што вели, е посвета за неговиот син, но и за сите македонски синови кои ќе се раѓаат во иднина.
„Пред точно 20 години во овие ноемвриски денови започнав да го снимам мојот прв аудио албум кој тогаш го насловив ‘Македонски везови’ и тогаш ги поставив темелите на мојата професионална музичка кариера. После 20 години, исто така во ноемвриски денови, последната страница од мојата книга со наслов ‘Јордан Митев’ ја испишувам со песна посветена на мојот новороден син. Очекувајте наскоро, поздрав до сите каде и да сте“, вели популарниот македонски пејач.

