Заедно се повеќе од 20 години, а сега станаа родители: Македонската водителка роди син

Познатата македонска водителка и авторка на музичкиот магазин „Стисни плеј“ роди син.

Среќната вест на социјалните мрежи ја сподели нејзината колешка од МРТ, популарната пејачка Јана Бурческа.

„Добредојде, Лука“, напиша таа.

Јовановска ретко зборува за приватниот живот. Пред пет години во едно интервју откри дека е во среќна врска со музичкиот продуцент и диџеј Ангел Здравковски.

„Заедно пораснавме, се градевме и приватно и професионално. Секоја љубов е приказна за себе. За нашата можам да кажам дека е совршено надополнување, во кое секој има доволно слобода да биде свој и да не се претопи во другиот. Ние секој ден посветуваме многу грижа и внимание еден на друг. Нашата поединечна среќа, а со тоа и заедничката, е главен приоритет“, раскажа водителката тогаш.

Следни Објави

Ја исмеваа дека само позира: Спенџарска ја напушти земјата и сега го живее својот сон

Јелена Спенџарска ги спакува куферите и замина во Белгија. Популарната македонска водителка се јави од Брисел каде што ќе престојува во наредните неколку денови, а причината за ова патување пријатно ги изненади нејзините следбеници на социјалните мрежи. „Понекогаш се враќам назад и се потсетувам како започна сето ова. Првите објави, […]