„Јас сум навикната до мене секогаш да стои Маријана. Ве молам, еден аплауз за неа“, кажа Росана Сариќ-Тодоровска низ солзи неодамна на јубилејниот „Макфест“ кога без нејзината сестра близначка Маријана Новачевска го отпеа евергринот „Признавам“, нивниот славен дует од 1988 година.
Маријана Новачевска повеќе од 30 години со семејството живее во Австралија, а Росана пред настапот откри дека треба да дојде во Скопје во јуни наредната година.
Маријана сега пријатно ги изненади фановите на социјалните мрежи.

По подолго време ја промени профилната фотографија и доби стотици лајкови и комлименти за нејзиниот изглед.

