Со еден потег кажа сè! Лазар Бараков јасно откри што мисли за Гоце Тодоровски

Лавина реакции предизвика Гоце Тодоровски со неговото последно интервју во поткастот на популарниот јутјубер Стефан Лазаров.

Легендарниот македонски актер наиде на жестоки критики кога одговори на прашањето како успеал да си го сочува бракот цели 50 години.

Тодоровски во шоуто зборуваше и на други теми. Даде свое мислење и за националните пензии на уметниците, а во тој контекст жестоко го критикуваше и поранешниот премиер Зоран Заев.

Во некои од муабетите кои се водеа во поткастот се пронајде и неговиот колега, легендарниот актер Лазар Бараков, кој подоцна се огласи на социјалните мрежи.

„Јас, не и нема да просам пензија, па и национална пензија, ордени, награди.. септемвриски, октомвриски, ноемвриски… па се’ до второ-февруарски и други комуњарски глупости… оти сето оваа е само чиста, проста, лицемерна циганарија!!! Ќе просам и ќе се борам за правда, оти правдата во оваа наша циганарија ќе биде потребна за сите!!!“, напиша Лазаров на „Фејсбук“.

Оваа негова објава наиде на позитивни оценки кај публиката.

„И многу се изнервирав кога Гоце кажа дека не може да се сети на името на Лазе, демек кој е тој, јас сум само, а пази и Лазе е од почетокот во таа екипа, не е некој пропратен статист па да не се сеќава.. И пази, тој му забранил да не зборува во приказните затоа што грешел.. Абе Гоце, а имав високо мислење за тебе, ама после ова – крај..“, искоментира еден следбеник.

Бараков го лајкна овој коментар и јасно даде до знаење што мисли за Тодоровски.


Следни Објави

Се бореше со зависноста, но судбината му подготви нешто полошо: Нашиот јутјубер со потресна исповед

Ако судиме по бројот на следачи, тој е еден од најпопуларните јутјубери во Македонија. Неговото име е Ридван Мемедов, но публиката го знае како Ритко Мдфк. Контроверзен е, со неговите видеа секогаш предизвикува жестоки реакции, а според она што за него го пишувале домашните портали има и полициско досие. Тој неодамна […]