Се бореше со зависноста, но судбината му подготви нешто полошо: Нашиот јутјубер со потресна исповед

Ако судиме по бројот на следачи, тој е еден од најпопуларните јутјубери во Македонија.

Неговото име е Ридван Мемедов, но публиката го знае како Ритко Мдфк.

Контроверзен е, со неговите видеа секогаш предизвикува жестоки реакции, а според она што за него го пишувале домашните портали има и полициско досие.

Тој сега гостуваше во поткастот на Боки 13 и неговите следбеници имаа можност да го запознаат и во едно поинакво светло.

Мемедов првпат проговори за семејството и за трагичната смрт на неговиот брат кој се лечел од зависности.

„Брат ми заминуваше во Прилеп и реши да се задомаќини, да почне да работи-веќе имаше ќерка. Тогаш се лечеше и пиеше метадон, како замена за хероин. Замина на работа со камион за дрва, требаше да собираат дрва, а на враќање камионот се преврте. Сите го напуштија камионот, а брат ми остана последен. Кога скокна и излезе последен, паѓајќи врз трева, не успеа да ги избегне карпите. Ја удри главата на карпа и загина на место. Од ударот на карпата и од дрвата што се истурија од камионот, трагично го загуби животот“, раскажа тој.

Следни Објави

Паднала по скали, па почнал кошмарот: Дракче конечно откри како станала тежок пациент

Драгица Стевковска конечно се враќа на малите екрани. Новата сезона на нејзиното кулинарско шоу „Готвиме со Дракче“ ќе стартува на Канал 5 на 17 ноември. Таа денеска гостуваше во утринската програма на истата телевизија, а освен за емисијата, зборуваше и за тешките животни предизвици со коишто се соочи неодамна. „Дракче […]