Македонија тагува, колегите се простуваат од Славица: Имаше само 41 година

Тажна вест утрово соопштија од Друштвото на писателите.

На само 41 година почина поетесата Славица Гаџова Свидерска, а се огласија и администраторите на фејсбук-страницата „Македонска поетска ризница“.

„Со длабока тага и неверување ја споделуваме веста за прераната смрт на Славица Гаџова Свидерска (1984–2025). Таа беше поетеса, писателка, доктор по филолошки науки и лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на Факултетот за странски јазици во Тирана.

Нејзината посветеност на јазикот, книжевноста и творештвото остави длабок белег во современата македонска култура. Со својата поезија и мисла, Славица инспирираше генерации студенти, колеги и читатели. Македонска поетска ризница упатува искрено и длабоко сочувство до семејството, пријателите и сите кои ја познаваа и ја сакаа. Нејзините дела и стихови ќе живеат како траен спомен на нејзиниот дух и збор. Вечна слава“, пишува во нивната објава.

Свидерска беше доктор по филолошки науки, лекторка и авторка што зад себе остави богат поетски, есеистички и научен опус. Нејзините дела се преведувани на повеќе јазици и наградувани дома и во светот.

Авторка е на поетските книги „Бесконечност“ (2001), „Писма“ (2012), „Политики на љубовта“ (2015), „Тела“ (2016), „Политики на стравот“ (2021), Golgotha Feminarum (2023) и „Мистичен си свету“ (2025), како и на научните и есеистички изданија „Книжевноста и дискурсите на моќта“ (2013), „Книжевноста и политичкото насилство“ (2018) и „За смислата и за апсурдот“ (2017).

Следни Објави

Никој не ја препозна од прва: Елена Ристеска синоќа се појави драстично променета

Нов имиџ промовира познатата македонска пејачка Елена Ристеска на синоќешниот концерт во Националната опера и балет во чест на легендарниот македонски автор Кире Костов. Таа беше еден од изведувачите, а кога се појави на сцена ретко кој ја препозна од прва. Ристеска која низ годините често експериментираше со стилот, сега […]