Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи откако беше објавувено видеото на кое се гледа македонскиот лекар Ненад Цоневски, инаку вработен на Воено-медицинската академија во Софија, како прегазува куче излегувајќи со возилото од зграда.
Против Цоневски е покрената постапка и привремено е суспедиран од работното место додека трае истрагата.
Што навистина се гледа на снимките?
Иван Русанов, јавна личност во Бугарија, има свое видување на работите.
„Фактите се следниве:
1. Удирање со многу мала брзина
2. По ударот, тој се симнува, гледа и не тргнува. Мислам, збунет е. Ако сакал да тргне, зошто би слегол да погледне?
3. Влегува во колата, го врти воланот и се обидува да го заобиколи кучето. Т.е. нема цел да го прегази. Инаку ќе одеше право напред.
4. Откако беше ослободено – Докторот се обидува да го заобиколи, но кучето завршува под колата. Но, не под задните гуми, туку меѓу нив – т.е. под задниот мост.

Тоа е, имаме многу јасна случајност и искуство на докторот за да ја минимизира штетата. Нема „намера“ и злоба, нема причина да се сатанизира.
Но бидејќи Ѓаволот е во нашите глави, бараме изговор да ги демонизираме другите.
Тука слушам глупости како носење на ветеринар, давање прва помош итн. Ова е апсолутно несоодветно. 99% од луѓето ќе се однесуваат исто како докторот. Никој нема да троши пари на ветеринари, а камоли да го извалка својот автомобил со улично куче.
Сатанизиравте нормален човек. Ќе му ја земете професијата. Човек студирал за лекар, оценуван од пациенти и колеги и вие – некои сложени измамници, ќе кажете што нема да функционира“, пишува, меѓу другото, Русанов.
Д-р Цоневски деновиве се соочува со јавна осуда, но сепак има и група на граѓани кои му изразуваат морална поддршка. Според нив, инцидентот треба да се перцепира како несреќен настан што може да му се случи на секој возач. Истовремено, потсетуваат дека Цоневски е првенец на својата генерација, дека завршил медицински факултет со исклучителен успех, дека моментално специјализира хирургија и дека е познат по својата посветеност, хуманост и скромност.

Во нивното писмо пишува дека во најтешките моменти, како што беше трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, тој бил меѓу првите кои понудиле помош-од транспортот на повредените на аеродром до давање медицински информации на семејствата, а донирал и крв и финансиски средства за повредените македонски деца низ цела Бугарија.

