„Каде замина толку бргу“: Македонската естрада тагува, последен поздрав за Јовица

На 62-годишна возраст почина македонскиот музичар, гитарист, композитор и текстописец Јовица Кочковски.

Порталот „Свет Австралија“ јавува дека Кочковски починал синоќа, по кратко боледување предизвикано од мозочен удар.

Во естрадните кругови беше познат под псевдонимот Џони Вокер Џони. Пријателите го препознаваа по рокерскиот фазон, иако фах му беше народната музика.

„Рано на сабајле“, „Име ти га заборави“, „Валандовски смокви“, „Срца вљубени“, „Златна риба Струшка“, „Швалерска рапсодија“, „За многу години“, „Старриот јавор“, „Чув си го стомакут“, „А каде си ти“, „Мое Удово“ и „Празна картичка“ се дел од песните што ги сними.

Пријатели и колегите споделуваат емотивни посвети за Кочковски на социјалните мрежи.

„Зашто пријателе зашто? Се прашувам, а одговор немам каде замина толку бргу без поздрав. Многу слики, многу сеќавања, дружби, ме врзуваат за тебе, но сега кој ќе ми вели ‘Тајчи, папарацо, ајде една фраерска фотка’. Не, не можам ни збогум да кажам, солзите си течат. Почивај во мир, драга легендо“, е една од многуте трогателни пораки.

Следни Објави

Татјана си купи фустанче за специјална пригода: Не е можно толку да го платила

Марио Арангеловски во новото издание на поткастот „Естраден лексикон“ ја нагости популарната ТВ-презентерка Татјана Стојановска. Неизбежно беше прашањето по кое домаќинот се прослави, па ја праша и нејзе колку ѝ чини аутфитот. „Овој фустан си го купив специјално за емисијава“, му откри Татјана. Раскажа дека ја чинел многу евтино и […]