Моника, ќерката на познатата пејачка Анета Љумаковска, првпат јавно проговори за својата мајка и за коментарите што често се појавуваат на социјалните мрежи.
Нејзината искрена изјава привлече големо внимание и поддршка од јавноста.
„Да, сум видела многу негативни коментари, особено кон мајка ми. Тие коментари се секогаш од луѓе што очигледно немаат ништо попаметно во животот или нивниот живот не им е доволно интересен, па единствено им останува да се замараат со другите“, вели Моника.
Таа додава дека најмногу ја болат обидите на некои луѓе намерно да поттикнуваат негативност, само затоа што не можат да се справат со сопствените комплекси.
„Секој што ќе падне толку ниско да плаќа или да подбуцнува други за да шират лаги по социјалните мрежи за мене е апсолутно беден и безвреден. Ние одиме напред, а тие остануваат заробени во сопствената мизерија“, нагласува таа во краткото интервју за „Женски магазин“.
Во декември е закажана премиерата на документарниот филм „К15: Од другата страна“ во кој, барем според најавите на социјалните мрежи, би требало да дознаеме досега непознати детали од животот на тројцата главни херои-Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров. Тодоров, кој се прослави како Тошо Малерот, меѓу другото, отворено […]