Тажна вест денеска ги вознемири стружани.
На 53-годишна возраст почина Златко Богданоски.
Според информацијата која ја објави порталот „Струга Експрес“, Богданоски починал како последица на срцев удар на работното место.
Сочувство до неговото семејство изрази и тамошниот градоначалник Менди Ќира.
„Со длабока жалост ја примивме веста за заминувањето од овој живот на нашиот колега, Златко Богданоски, посветен вработен во Општина Струга. Неговата загуба е e голема за сите оние што имаа чест да го познаваат и да соработуваат со него.

Во мое лично име и во име на Општина Струга, им изразувам на семејството и најблиските најискрени сочувства. Златко ќе биде запаметен по неговата смиреност, коректност и посветеност што го карактеризираа секој негов работен ден“, напиша градоначалникот.

