Васко Тодоров за животот во Австралија: Ќе се изненадите што работел

Во декември е закажана премиерата на документарниот филм „К15: Од другата страна“ во кој, барем според најавите на социјалните мрежи, би требало да дознаеме досега непознати детали од животот на тројцата главни херои-Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров.

Тодоров, кој се прослави како Тошо Малерот, меѓу другото, отворено зборува и за годините што ги помина од другата страна на светот.

„Во Австралија отидов на 50 години. Работев свашта, во фабрики, во магацини..“, вели Тодоров во најавата за филмот објавена на официјалниот инстаграм-профил на „К-15“.

Документарецот е во продукција на БД Група и Гуд Муд медиа, директор на фотографија е Илија Жоговски, а режијата и сценариото се на Илија Ико Каров.

Следни Објави

Почина Златко Богданоски

Тажна вест денеска ги вознемири стружани. На 53-годишна возраст почина Златко Богданоски. Според информацијата која ја објави порталот „Струга Експрес“, Богданоски починал како последица на срцев удар на работното место. Сочувство до неговото семејство изрази и тамошниот градоначалник Менди Ќира. „Со длабока жалост ја примивме веста за заминувањето од овој живот […]