Марјан Ѓеорѓиевски даде искрено интервју во новата епизода на ТВ-магазинот „Животна приказна“.
Популарниот македонски актер и комичар си ја отвори душата и проговори за интересни моменти од приватниот живот.
На јавноста ѝ откри дека неговата сопруга Анета е четири години повозрасна и дека кога првпат ја видел на Широк сокак не ја ни познавал, но знаел дека е вистинската.
Призна дека требал да се помачи додека ја освои, но дека сега одлично функционираат.
Двојката го има синот Огнен кој во декември ќе наполни десет години.

Ѓеорѓиевски во овој искрен муабет раскажа и кога животот му го задал најголемиот удар.
„Пред 19-20 години се роди внук ми (од сестра н.з.), имаше супер развој и се’ беше во ред. После одредено време се случи да му биде дијагностицирана одредена форма на аутизам“, откри тој во емисијата.

