Пред да почине, Есма на оваа жена ѝ ја кажала последната желба: Една работа сѐ уште ја прогонува

На 11 декември ќе се навршат девет години од смртта на кралицата на ромската песна.

Една од најблиските нејзини соработнички во една прилика раскажа што се случувало последните часови пред смртта на легендарната пејачка.

Зорана Костовска тогаш за „Женски магазин“ раскажа дека никогаш нема да го заборави разговорот во деновите кога Есма била хоспитализирана и кој, како што тогаш кажа, сѐ уште ја прогонува.

„Држејќи ме за рака ми ја кажа нејзината последна желба. ‘Закопајте ме во дворот на куќата. Кога ќе доаѓаат да го видат, ќе ми запалат свеќа. Кој ќе оди на гробишта да го прави тоа’. И ветив дека така ќе биде и ја излажав. Не мислев дека по неколку дена засекогаш ќе нѐ напушти. Тоа никогаш нема да си го простам“, се присети во тоа интервју Костовска.

Во истиот разговор Зорана потсети дека Есма никогаш не се декларирала како муслиманка и дека ги прифаќала сите вери и религии.

„Беше космополит. Велеше дека и најотровната змија може да оди кај што ќе посака, а дека ние сме ограничени со пасоши и со граници“, раскажа таа.  

Следни Објави

Оваа Македонка заработила 1.700 долари на „Онли Фанс“, а не се ни соблекла: Еве како

Дијана Дурлевиќ е македонска (т)рап артистка. Пошироката јавност ја знае како Дијана Оу Џи. Стана позната и по учеството во регионалното реално шоу „Задруга“, а особено го сврте вниманието кога призна дека заработува и од „Онли Фанс“, светски популарна страница за возрасни. Таа сега гостуваше во поткастот на Бомбакис каде, меѓу […]