Калиопи во петокот го одржа својот прв солистички концерт во Филхармонија.
Македонската поп-ѕвезда приреди ноќ за паметење.
„На 28 декември полнам 59 години и ќе пеам уште долго, уште долго ќе ме трпите“, кажа Калиопи, а на жените во публиката им порача дека годините се само бројка.
А, годините си врват, а сите се прашуваат дали воопшто старее оваа жена. Особено во еден коментар под фотографија од нејзината свадба со Васил Зафирчев, една нејзина обожавателка си го постави токму ова прашање.
Инаку, поминаа 21 година од нејзината свадба со познатиот актер со кого се раздели седум години подоцна.

Направија тогаш голема свадба, а особено впечатлива им беше облеката за којашто и денес се раскажува.

