Маестро, почивај во мир: Естрадата се простува од Спасевски

Почина македонскиот клавијатурист Миле Спасевски.

Колеги и пријатели се простуваат од познатиот музичар на социјалните мрежи.

Се огласи и пејачката Јасмина Гуњова.

„Почивај во мир, драг колега“, напиша таа под фотографијата од нивен заеднички настап што ја објави на „Фејсбук“.

„За жал, не’ напушти Миле Спасевски, еден од најдобрите музичари од нашиот крај, човек кој со својата харизма и талент ги испишуваше најубавите музички моменти што ќе ги паметиме долго. Неговата музика ќе продолжи да живее меѓу нас, во секоја свеченост, во секоја песна што ја остави зад себе и во спомените на сите кои имаа чест да го слушнат и да го познаваат“, објавија администраторите на фејсбук-страницата „Делчево денес“.

Следни Објави

Знак за ДЕМЕНЦИЈА кој се јавува во устата: Ако ова го осетите, јавете се на лекар

Сувата уста е еден од првите симптоми на оваа болест. Кога размислуваме за здравјето на нашите заби, првото нешто што ни паѓа на ум е блескава насмевка и свеж здив, иако некои здравствени состојби можат да предизвикаат лош здив без разлика колку темелно ги четкаме и ги чистиме со конец. […]