Мајка на три деца од Гостивар блесна во „Никогаш не е доцна“: Елизабета доби понуда што не се одбива

Елизабета Ефтоска (47) од Гостивар блесна во последната епизода на регионалното музичко натпреварување „Никогаш не е доцна“.

Иако професионално почнала да настапува пред само две години, музиката била нејзината прва и најголема љубов.

„Во основно училиште по ходниците пеев и сите ме слушаа. Бев и во хор, тоа беше сè. На матура првпат запеав на микрофон. Од пред две години настапувам со мојот бенд“, кажа таа во своето претставување.

Елизабета е семејна жена и, како што вели, најгорда е на своето семејство.

„Сопруга сум и мајка на три деца. Среќна и задоволна жена. Имам прекрасен маж, деца и го работам тоа што го сакам“, откри Ефтоска.

За првиот круг ја одбра песната „Нежна жена“ од Лепа Брена, а од Дејан Матиќ доби јавна покана да гостува на некој од неговите концерти во Македонија. По настапот, членовите на жирито редеа само пофалби за нејзиното пеење и изглед.

„Многу тешка песна, бара многу вештина, знаење, талент. Сè покажавте, за првпат одлично,“ рече Маре.

„Толку си убава, какви холивудските актерки. Толку е убаво да те гледаме, прво да те слушаме, па потоа да те гледаме. Милина,“ додаде Лена Ковачевиќ.

„По пеењето би рекол дека имаш 25 години пејачка кариера. Сега мојата одлука е конечна – сигурно ќе бидеш моја специјална гостинка во Гостивар,“ заклучи Дејан Матиќ.

Следни Објави

Никола Станишиќ се сели од Македонија? „Поубаво ми е тука, отколку дома“

Македонскиот победник во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, сè почесто престојува во Белград. Неговото присуство во српската престолнина не поминува незабележано, па многумина се прашуваат дали можеби се преселил во Србија. Станишиќ гостуваше во емисијата „Није лако бити ја“, каде што отворено зборуваше за својот однос кон Белград и новото […]