Баба Славка од Карпош наполни 100 години, а сега ја откри и тајната на долговечноста

Новиот градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, ѝ го честитаа 100-от роденден на Слава Коцевска.

Фотографии од средбата споделија од Општината, а баба Славка им ја раскажа својата животна сторија.

Родена е во Штип во далечната 1925 година, а најголемиот дел од својот живот го поминува во Карпош.

„Нашата стогодишна хероина напоменува дека ја добива најголемата поддршка од своето многубројно семејство. Имено, баба Славка е мајка на три деца (има два сина и една ќерка), но како што вели, најмногу се гордее со тоа што е баба, прабаба и чукунбаба. Во нејзиниот топол дом исполнет со раскошно цвеќе доминираат живописните гоблени кои самата ги изработила“, пишува, меѓу другото, во објавата.

„Љубовта кон најблиските, слогата и заедништвото се тајната за мојот долговечен и спокоен живот“, вели една од највозрасните жителки на Карпош.

Следни Објави

Овој петок е голем и тежок празник: Светецот ќе ве награди ако постапите правилно

Православните христијани на 21 ноември го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави. Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата. Прв меѓу […]