Зоран Ванев е гостин во новата епизода на „Кафе муабети“, емисија што се емитува на јутјуб-каналот на Гламур.
Македонскиот пејач, кој со години живее и работи во странство, си ја отвори душата на повеќе теми.
Ванев, најпознат по хитовите „Ангела“ и „Јужна пруга“, на врвот од својата музичка кариера замина во Швајцарија, каде почна комплетно нов живот. Таму ја запозна сопругата Лидија со која има две деца.

Особено е интересна неговата примарна професија – доктор по природна медицина.
„Не случајно ме снема од сцената. Отсекогаш ме привлекувала медицината која е поврзана со природата, и последиците по здравјето на луѓето се безопасни и многу суштински, кои се во состојба на потполно лекување на било која болест, без разлика на комплексната ситуација, за разлика од други медицини кои само го залекуваат симптомот, меѓутоа главниот проблем си останува, или се’ повеќе се наштетува на другите органски функции со прејаките и пренападни медикаменти кои се од исклучиво хемиски состав, за разлика од природната медицина која продуктите ги црпи исклучиво од природата“, објасни тој во едно постаро интервју.
Ванев во ова интервју зборува и за непријатните моменти кои низ годините ги доживеал во татковината.
Еден таков инцидент е оној кога му ја ограбиле куќата во родниот Штип.

