Македонскиот победник во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, сè почесто престојува во Белград.
Неговото присуство во српската престолнина не поминува незабележано, па многумина се прашуваат дали можеби се преселил во Србија.
Станишиќ гостуваше во емисијата „Није лако бити ја“, каде што отворено зборуваше за својот однос кон Белград и новото животно поглавје.

„Тука престојував цела година. Убаво ми е, поубаво ми е тука отколку кај мене дома, но добро. Често сум по емисии, се дружам, запознавам нови луѓе, естрадни уметници“, вели низ насмевка тој, пренесува порталот „Гранд онлајн“.
„Дома сите ме викаат ‘ѕвезда’“, дополнува Станишиќ.

