Биба Додева се врати во Македонија

Биба Додева неодамна допатува во Македонија за да настапи на концертот посветен на легендарниот композитор Кире Костов.

Познатата македонска пејачка се врати во татковината со сопругот Срѓан со кого живее во Хрватска. Моментално се во Охрид каде, како што вели, полнат батерии, а откри и дека по пет години пауза наскоро ќе промовира нов проект.

„Немав снимено нова песна од албумот со преработки на македонски поп хитови ‘Незаборавни’, што го промовирав во 2020. По промоцијата не успеав да направам концерт, бидејќи тогаш се заразив со ковид и едвај останав жива“, вели Додева за порталот „СМАРТ.сдк“.

Биба пред неколку години по третпат се заколна на вечна љубов.

„Ние сме си љубов од 2011 година. Не ни беше судено тогаш. Пак се пронајдовме и љубовта продолжи како никогаш да немала прекин. Едноставно не ми се верува дека има среќичка и за мене на тоа поле. Пресреќни сме. Ова е само уште еден убав доказ дека сепак од она што ти е судено не се бега, па кога е вистинско време, тогаш и ќе ти дојде во животот“, раскажа пејачката во едно интервју.

Следни Објави

Пријателите се простуваат: Која беше македонската Весна Змијанац?

Тажен ден за македонската музика Почина фолк-пејачката Небахат Бади Бекир. Имаше богата соло-кариера, а во 2004 година беше дел од музичкиот проект „Четири грации“ заедно со Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска. Ја нарекуваа македонската Весна Змијанац. На музичката сцена дебатира во 1985 година на фестивал за забавни мелодии, […]