Тажен ден за македонската музика
Почина фолк-пејачката Небахат Бади Бекир. Имаше богата соло-кариера, а во 2004 година беше дел од музичкиот проект „Четири грации“ заедно со Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска.
Ја нарекуваа македонската Весна Змијанац. На музичката сцена дебатира во 1985 година на фестивал за забавни мелодии, а паралелно пееше на турски, албански и македонски јазик.

Нејзиниот најплоден период беше за време на големите југословенски турнеи, а по распадот на Југославија целосно ѝ се посвети на македонската фолк песна. Следеа фестивалски настапи, соработки со бројни автори и турнеја во Австралија во 2002 година.

