Драгица Стевковска се прости од својата пријателка Небахат Бади Бекир.
Водителката на кулинарското шоу на „Канал 5“ откри дека познатата фолк-пејачка, која по тешко боледување почина вчера, мачно се борела до последен здив.
„Прекрасна моја Небахад Бади Бекир. Имавме многу заеднички дружења и нашата енергија беше посебна. Последен пат се слушнавме и ти реков: ‘Биди јака и бори се’. Ми рече: ‘Се борам мила, но имам ужасни болки’. Нека ти е вечен мир, во небесата без болки. Смеј се и пеј, зошто тоа многу ти прилегаше. Почивај во мир драга“, напиша Драгче во трогателната посвета.

Бади Бекир ја нарекуваа македонската Весна Змијанац. Имаше плодна кариера, паралелно пееше на турски, албански и на македонски јазик. Во 2004 година беше дел од атрактивниот музички проект „Четири грации“ со колешките Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска.

