Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сопруг Милан годинава во април прославија 24 години брак.
Македонската пејачка и актерка сега во интервју за српски портал искрено проговори за турбулентните моменти во нивниот однос и дека неколкупати дури размислувала и да го напушти.
„Имаше кризи и имаше моменти, затоа што јас бев позната по тоа дека сум темпераментна, дека пламнувам, дека во некои ситуации не било ‘испечи па реци’. Сигурно сум се спакувала едно четири пати.. некоја расправија, глупост, и јас се пакувам“, раскажува Дапчевиќ, но и дека не го сторила тоа кога наголемо се зборуваше за наводната афера на нејзиниот сопруг со извесна келнерка.
„Не се спакував тогаш, немаше криза, знаевме дека сè е измислено и дека не постои“, вели таа.
Тијана истакнува дека никогаш не се посомневала во него, но и дека никогаш не помислила она да го изневери.
„Никогаш не сме се карале, тоа поради што сум се пакувала биле такви глупости. Тогаш живеевме на Баново Брдо, јас ќе спакував шест куфери и чекам, тој ќе дојдеше и ќе ми каже: ‘Што е сега, пак?’. Никогаш не би си заминала и никогаш не сум заминала. Не сме разговарале по два часа, тоа е сè, глупости. Не сум ни помислила да си одам, тоа е најлесно“, вели Тијана и истакнува дека суштината е во едноставноста.

„Нема рецепт за среќен брак. Ако знаев кој е рецептот, ќе напишев книга. Кај нас нема ексклузива, нема љубовници, нема љубовнички, има само една досадна приказна за луѓе кои не заборавиле да се негуваат. Мојот маж е обичен човек од 55 години, кој ме сака и јас тоа секојдневно го чувствувам, зошто би го контолирала?“, завршува таа.

