Мирјана Митрева направи хаос во „Ѕвездите на Гранд“: Вакво нешто ретко се гледа

Младата македонска натпреварувачка Мирјана Митрева (22) покажа каков раскошен талент поседува во новата епизода на „Ѕвездите на Гранд“. Членовите на жирито се воодушевија и ја наградија со максимален број гласови.

Во првиот круг Митрева се претстави со песните „Море пелина“ од Марија Шерифовиќ и „Главо луда“ од Здравко Чолиќ, а уште со првите тактови, за само 20 секунди, го доби гласот од Цеца Ражнатовиќ.

Мирјана и минатата година се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, каде што со менторот Ѓорѓе Давид стигна до четвртиот круг, но оваа сезона очигледно реши навистина да го покаже својот максимум.

„Ја паметам од минатогодишното натпреварување. Таа е одлична кандидатка, добро пее. Ова за мене беше лесна работа, како што почна, знаев што да очекувам. Од срце честитам за осумте гласа“, ѝ порача Цеца.

На овие комплименти се надоврза Катарина Живковиќ.

„Мојот впечаток е дека Мирјана вечерва „искина“. Изгледа прекрасно, а што се однесува до гласот-многу моќен вокал, сама по себе е моќна“, кажа таа.

Дара Бубамара се согласи со коментарите на колегите, но ѝ упати критика за стајлингот.

„Одлично отпеа. Единствено што не ми се допаѓа е твојата облека. Не ми оди со твојот глас и со овие песни. Требаше да облечеш некој црн краток фустан“, ѝ порача Дара.

Драган Којиќ Кеба истакна дека би ѝ дал и деветти глас, ако постоеше таква можност, а поранешниот ментор Ѓорѓе Давид го пофали нејзиниот напредок од минатата година. Како што рече, заслугата е негова.

„Ти баш плачеше, баш се извикав на тебе и тоа беше моментот кога конечно се отвори и кога аждајата излезе од тебе. Среќен сум и горд што го направив тоа, како девојка ги издржа критиките“, гордо кажа рокерот.

Сања Вучиќ исто така беше меѓу првите што гласаа за Мирјана. Ѝ порача дека оваа сезона е одлична и дека за неа нема грижи.

„Навистина беше феноменална. Во овој круг покажа колку си квалитетна“, порача директорот на Гранд продукција, Горан Шљивиќ, а потоа ја праша кого го избира за ментор.

„Човекот кој прв го препозна мојот талент и кој ми даде шанса е Ѓоле и јас го избирам него“, пресече Митрева.

Следни Објави

„Бог има друг план за мене“: Тина Русева затвори едно поглавје

Младата македонска пејачка Тина Русева го заврши натпреварувањето во The Voice Of Germany. Иако, повторно отпеа перфектно, таа не успеа да се пласира во следниот круг. Русева, која живее и работи во Германија, се огласи на социјалните мрежи и порача дека затвора едно прекрасно поглавје и дека срцето ѝ е […]