Веќе не учествуваме на Евровизија, а сега се повлековме и од Мис Универзум: Еве зошто

Македонија е единствената балканска земја која нема да учествува на јубилејното 70-то издание на Евровизија кое ќе се одржи во Виена наредната година.

Ова е четврти пат нашата земја да не се натпреварува на најгледаното музичко шоу во Европа.

Македонија во последен момент се повлече и од Мис Универзум, иако пред неполн месец на јавноста ѝ беше соопштено дека во Тајланд ќе не’ претставува малдата убавица Иман Тотич.

Се’ уште никој се нема огласено да ги соопшти причините за ваквата одлука.

На официјалната страница на Мис Универзум, пак, е истакнато дека претставнички од четири земји, помеѓу кои и Македонија, не пристигнале во Тајланд поради лични причини, а една претставничка го откажала учеството поради болест.

Инаку, Тотич е речиси непозната за македонската јавност, но гради успешна интернационална кариера во Лондон. Таа е ќерка на поранешната манекенка Александра Петровска која во 1996 година беше прогласена за Мис на Македонија.

Следни Објави

Мирјана Митрева направи хаос во „Ѕвездите на Гранд“: Вакво нешто ретко се гледа

Младата македонска натпреварувачка Мирјана Митрева (22) покажа каков раскошен талент поседува во новата епизода на „Ѕвездите на Гранд“. Членовите на жирито се воодушевија и ја наградија со максимален број гласови. Во првиот круг Митрева се претстави со песните „Море пелина“ од Марија Шерифовиќ и „Главо луда“ од Здравко Чолиќ, а […]