Пред неколку години Бојан Илиевски (26) од Скопје со својата животна приказна го расплака целиот регион, како и поранешната менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ, а сега реши повторно да се бори во Ѕвездите на Гранд.
Како и тогаш, најголема поддршка му е баба му, која синпќа го бодреше од познатото место позади сцената.
По пролеаните солзи, кога баба му откри дека Бојан останал без двајцата родители, сега и Илиевски и баба му имаат причина за насмевка, бидејќи доби осум гласови – што е ретка ситуација да гласаат и членовите на жирито и продукцијата.
„Баш те засакаа“, констатира водителката Ана Севиќ додека студиото скандираше и аплаудираше.
„Фала многу, фала за поддршката! Многу сум среќна поради мојот внук, пресреќна“, порача бабата.
Со голем гордост поранешната менторка Цеца му порача на кандидатот дека е уште подобар од сезоната кога се натпреваруваше.
„Госпоѓата баба многу ја поздравувам и од срце ти честитам, ова е заслужено“, рече Цеца.
„Отпеа толку добро што ова ти е најдоброто појавување. Те знам и имам еден совет. Доколку бидеш дисциплиниран и не одиш на тезги пред снимања, ќе стигнеш далеку“, додаде Ѓорѓе Давид, а Цеца веднаш го прекина:
„Што зборуваш бре ти? Тој е добро момче и многу дисциплиниран, јас работев со него“, му реплицираше таа.

Поддршка и комплименти Бојан доби и од другите членови на жирито.
„Сè ти се сложи, дај Боже така да те служат и среќата и гласот“, рече Кеба, а Сања Вучиќ призна дека била воодушевена од трилерите: „Како да си апсолутен слухист!“.
На самиот крај, на кандидатот му се обрати и директорот на Гранд продукција, Горан Шљивиќ.
„Продукцијата уживаше, Бојане, секоја чест, имаш осум гласови. Сега можеш за ментор да нè избереш и нас и некого од жирито, ајде избери ментор“, рече директорот, а на големо изненадување Илиевски го одбра Ѓорѓе Давид.

