Сергеј Варошлија постојано ја бранува јавноста со неговите контроверзни коментари, но и со негативните критики за стајлингот на познатите личности во Македонија.
Славниот стилист и ТВ-водител е секогаш брутално искрен и кога се коментира себеси, а во една пригода пред неколку години откри долго чувана тајна која во тоа време предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Оние што редовно го следат, веројатно се сеќаваат кога гостуваше во емисијата „Лица“ на Анета Кочишки на сега веќе згаснатата телевизија „1ТВ“.
Како никогаш претходно, тој зборуваше за животните подеми и падови, за зависноста од наркотици, својата сексуална ориентација, за деновите исполнети со неизвесност и страв..

„Бев киднапиран среде бел ден, морав да му се јавам на татко ми кој имаше рак“, „Ќе бидам неискрен ако кажам дека е неточно дека консумирав дрога“ и „Мојот партнер е избркан од дома кога неговите дознале дека е со мене во врска“ беа само дел од изјавите на Варошлија кои тогаш не ја оставија рамнодушна македонската јавност.

