„Бог има друг план за мене“: Тина Русева затвори едно поглавје

Младата македонска пејачка Тина Русева го заврши натпреварувањето во The Voice Of Germany.

Иако, повторно отпеа перфектно, таа не успеа да се пласира во следниот круг.

Русева, која живее и работи во Германија, се огласи на социјалните мрежи и порача дека затвора едно прекрасно поглавје и дека срцето ѝ е пополно од кога било.

„Благодарам на секоја душа што веруваше во мене, ме поддржуваше, се молеше за мене и се возеше покрај мене на овој ролеркостер од емоции. Никогаш не замислував дека толку многу срца ќе чукаат со моето… и ќе го носам тоа чувство засекогаш.

Во тимските борби дадов се од себе. Не само сила и оган, туку нежност и емоција. Но, овој пат, тоа не беше доволно за 99-те поранешни кандидати. Со мојот последен настап на Comeback Stage сватив дека Бог има друг план за мене во кој цврсто верувам. Нежен потсетник дека затворените врати честопати водат кон отварање на нови. Ова не е крај. Ова е само почеток. Мислев на секој збор што го ветив: „Ова е само почеток“. И искрено.. не можев да замислам поубав начин да започнам. Премалку е што и да кажам за сета љубов и поддршка што ја добивам од сите вас. Ве сакам сите“, напиша таа на „Фејсбук“.

Слушнете ја нејзината последна изведба во шоуто.

Дали навистина заслужи да биде елиминирана?

Следни Објави

Бојан од Скопје има тажна животна приказна: Солзи во „Ѕвездите на Гранд“

Пред неколку години Бојан Илиевски (26) од Скопје со својата животна приказна го расплака целиот регион, како и поранешната менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ, а сега реши повторно да се бори во Ѕвездите на Гранд. Како и тогаш, најголема поддршка му е баба му, која синпќа го бодреше од познатото место […]