Ана Стојановска и Влатко Илиевски беа една од најубавите двојки на македонската јавна сцена.
Актерката и прерано починатиот пејач останаа пријатели и откако раскинаа, а ова и самата го потврди Стојановска во едно интервју.
„Последно се видовме два дена пред смртта, бевме кај него дома и игравме карти, брич со мајка му. Влатче победи и беше многу среќен“, изјави Ана за емисијата „Бекстејџ“ признавајќи дека тој бил нејзината прва љубов со кого имала многу убави моменти.

Иако имаа детска љубов, за Влатко и Ана медиумите не престанаа да пишуваат уште многу години подоцна.

