Шенка Колозова ретко се појавува во јавноста и уште поретко зборува за покојниот сопруг.
Легендарната македонска актерка и сценаристка пред неколку години за емисијата „Ексклузив“ конечно проговори за Ѓорѓи Колозов со кого беа и останаа синоним за култниот ТВ-серијал „Македонски народни приказни“.
Тогаш призна дека птвпат после толку години, на неговиот роденден не му отишла на гробот и дека ѝ останало нејасно дали згрешила или не.
„Што да му кажам: Среќен роденден! Ако беше среќен ќе отидеше ли толку рано? И затоа не отидов свесно, затоа што не ја видов смислата во сето тоа, после толку години“, кажа, меѓу другото, Колозова.


