Многу тежок период, никој не знаеше: Македонската пејачка итно оперирана

Марија Груевска, македонската финалистка во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, е итно оперирана во Минхен.

Се чувствува добро, а сега конечно откри што точно се случило.

„Ми вадеа вени, една главна и повеќе споредни. Главната вена беше нефункционална, не ја пумпаше крвта и не смееше така да остане, па мораа да ја отстранат. Имам 18 резови, но помина“, открива пејачката за „Гранд онлајн“.

Груевска вели дека престојот во болница ѝ го олеснило и пријатно изненадување – поголемиот дел од медицинскиот персонал бил од Србија.

„Целиот тим, освен главниот доктор, беа Срби. Сите ги следат „Ѕвездите на Гранд“, па заедно се смеевме и по операцијата испеавме неколку песни. Фала му на Бога, подобро сум. Добро е што постои лек и начин оваа состојба да се санира“, вели Марија.

Груевска беше една од најоригиналните натпреварувачки во „Ѕвездите на Гранд“. По шоуто сними неколку песни, се омажи, а подоцна со сопругот се пресели во Германија.

Следни Објави

Ненадејно почина синот на поранешната пратеничка од СДСМ: Беше омилен пејач

Од срцев удар на 40-годишна возраст денеска рано утрово починал познатиот поп-пејач Шпат Касапи, јавуваат македонските медиуми. Роден на први мај 1985 година во Тетово, Касапи порасна во семејство со музичка традиција, која силно влијаеше врз неговото уметничко оформување. Кариерата ја започна на почетокот на 2000-тите и бргу стана идол […]