Естрадата тагува по Божинов: По загубата на сопругата, остана силен за двата сина, но сега се случи најлошто

Тажна вест денеска споделија колегите од Радио Валандово.

На 48-годишна возраст почина музичарот Мики Божинов.

Нивната објава ја пренесуваме во целост:

„Денес Валандово изгуби уште еден голем уметник, човек чија музика и душа ќе останат засекогаш меѓу нас. Замина Мики Божинов, роден на 30 октомври 1977 година – човек кој живееше во ритамот на песната и кој зад себе остави трага што нема да избледи.

Мики целиот свој живот беше со музиката. Задолжен за тапаните, тој беше ритамот, пулсот и темелот на многу убави песни, забави. Заедно со својот брат Христијан Кико – Болеро, беше дел од познатата македонска група Болеро, која остави неизбришлив печат на македонската музичка сцена.

Животот му подари љубов, но му донесе и тешки моменти. Пред неколку години неговата сопруга почина, болка што тивко ја носеше, но и болка што не го сопре да биде силен за своите два сина – неговата најголема гордост и најголема причина да продолжи напред.

Со заминувањето на Мики, нашата мала заедница изгуби благ, скромен и искрен човек, уметник со големо срце и пријател кој секогаш знаеше да остави убав збор и убава нота зад себе.

Длабоко, искрено сочувствуваме со неговото семејство, блиските и сите што го сакаа.

Почивај во мир, Мики. Твојата добрина ќе живеат во нас“.

Следни Објави

Многу тежок период, никој не знаеше: Македонската пејачка итно оперирана

Марија Груевска, македонската финалистка во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, е итно оперирана во Минхен. Се чувствува добро, а сега конечно откри што точно се случило. „Ми вадеа вени, една главна и повеќе споредни. Главната вена беше нефункционална, не ја пумпаше крвта и не смееше така да остане, па мораа да […]