Роди на 20, на ист датум ги загуби и вториот сопруг и мајка си: Македонската презентерка си ја отвори душата

Познатата ТВ-презентерка Гордана Ѓорчева има неверојатна животна приказна.

Детали од приватноста откри во подкастот „Мамавизија“.

Ѓорчева која останала бремена на само 20 години, конечно открива како ѝ поминал разводот со првиот сопруг, татко на нејзината ќерка.

„Со таткото на Луција се земавме многу млади. Јас имав 20, тој 21 година. Кога ќе ме прашаат велам ‘буквално, деца чуваа дете’, буквално беше така. Мене не ми беше јасно што значи тоа дека сум бремена, не знаев да се пазам, цела бременост ја поминав по дискотеки, излегувавме, се дружевме“, раскажа таа за „Мамавизија“.

Со грутка во грлото го раскажа и периодот кога го губи вториот сопруг, познатиот македонски актер Бранко Ѓорчев.

Со насолзени очи се присети и на нејзината мајка, за која претходно откри дека починала на ист датум како и Ѓорчев.

„Мајка ми ја загубив за време на пандемијата. Таа се разболе многу, лежеше и во болница, остана неподвижна и самата побара да ја сместиме во дом за стари лица, велеше ‘не сакам да ви бидам товар’. Многу ми е криво што поради короната беа забранети посети и во болници и старски домови, па ние пет месеци не смеевме да ја видиме, таму почина и никогаш повеќе не ја видовме“, се присети Ѓорчева.

Следни Објави

Максим Димитриевски конечно ја откри вистината за хитот што го носи неговото име

Песната посветена на Максим Димитриевски ги проби политичките бариери и прерасна во музички хит. Автор на композицијата е Ѓунеш Билали, а текстот го напиша Менсур капетан. Иако веднаш влегува во глава, никој не претпоставуваше дека рефренот ќе постигне толкава популарност. Димитриевски сега гостуваше во подкастот „Естраден лексикон“ и конечно проговори […]