Песната посветена на Максим Димитриевски ги проби политичките бариери и прерасна во музички хит.
Автор на композицијата е Ѓунеш Билали, а текстот го напиша Менсур капетан.
Иако веднаш влегува во глава, никој не претпоставуваше дека рефренот ќе постигне толкава популарност.
Димитриевски сега гостуваше во подкастот „Естраден лексикон“ и конечно проговори за нумерата што е направена од почит кон него.
Кумановскиот градоначалник дури и заигра во студиото.

