Ненадејно почина синот на поранешната пратеничка од СДСМ: Беше омилен пејач

Од срцев удар на 40-годишна возраст денеска рано утрово починал познатиот поп-пејач Шпат Касапи, јавуваат македонските медиуми.

Роден на први мај 1985 година во Тетово, Касапи порасна во семејство со музичка традиција, која силно влијаеше врз неговото уметничко оформување.

Кариерата ја започна на почетокот на 2000-тите и бргу стана идол на младите.

Кратко работеше и како советник за култура и општество на првиот вицепремиер во претходната Влада – Артан Груби.

Беше оженет и татко на едно дете.

Касапи е син на Ѓилумсер Касапи, поранешна пратеничка од СДСМ.

Следни Објави

Тешки зборови! Тијана конечно проговори за Карлеуша, Јелена жестоко ѝ возврати

Тијана Дапчевиќ не е некој што е познат по естрадни кавги и скандали, но сепак не издржа, а да не го искаже своето разочарување од нејзината колешка Јелена Карлеуша, за која изјавила дека во минатото ѝ била исклучително драга и дека извесен период интензивно се дружеле. Тијана истакнала дека денес […]