Тешки зборови! Тијана конечно проговори за Карлеуша, Јелена жестоко ѝ возврати

Тијана Дапчевиќ не е некој што е познат по естрадни кавги и скандали, но сепак не издржа, а да не го искаже своето разочарување од нејзината колешка Јелена Карлеуша, за која изјавила дека во минатото ѝ била исклучително драга и дека извесен период интензивно се дружеле.

Тијана истакнала дека денес Карлеуша не ја доживува како истата личност. Таа за „Скандал“ одговорила на прашањето што мисли за Јелена, како и за причините зошто повеќе не зборуваат.

„Многу ја сакав. Таа е некој што во еден момент го измисли шоубизнисот, некој што можеше да биде – чао, но сега веќе не може“, изјавила Тијана за „Скандал“, а на прашањето на новинарот зошто, Тијана продолжила:

„Затоа што тоа повеќе не е Јелена што јас ја познавам. Одамна тоа повеќе не е Јелена што ја познавам, и имав прилика да се дружам со неа пред многу години и многу ја сакав“, изјавила Дапчевиќ.

„Пази, многу ја сакав, но мислам дека се случи доктор Џекил и мистер Хајд, немам емоција, навистина немам емоција кон неа“, рекла Тијана, додавајќи дека не би ѝ било проблем некогаш да поразговара со Карлеуша, но дека тоа не е тоа и дека немала емоција.

Јелена Карлеуша ја прокоментира во свој стил изјавата на Дапчевиќ. Очигледно, на Јелена не ѝ се допаднале овие зборови на Тијана.

„Искрено, јас едвај знам која е оваа личност… а камоли дека сум се дружела со неа. Разбирам дека моето име се користи за да се добие наслов во весници, но се пречекори мерката“, напиша Карлеуша на „Фејсбук“.

Следни Објави

Роди на 20, на ист датум ги загуби и вториот сопруг и мајка си: Македонската презентерка си ја отвори душата

Познатата ТВ-презентерка Гордана Ѓорчева има неверојатна животна приказна. Детали од приватноста откри во подкастот „Мамавизија“. Ѓорчева која останала бремена на само 20 години, конечно открива како ѝ поминал разводот со првиот сопруг, татко на нејзината ќерка. „Со таткото на Луција се земавме многу млади. Јас имав 20, тој 21 година. […]